15.8 C
Скопје
22:54 - 27 септември, 2026

Ве нервираат жолтите дамки на перниците? Еве како наједноставно да им ја вратите белината

Жолтите дамки на перниците се чест проблем, особено во летните месеци кога повеќе се потиме. Иако многумина најпрво посегнуваат по сода бикарбона или оцет, експертите за чистење тврдат дека постои уште поефикасен начин што ја отстранува причината за дамките, а не само нивните површински траги.

Ако сте забележале дека вашата перница со текот на времето добива жолтеникава боја, нема причина за грижа – тоа е сосема вообичаена појава. Добрата вест е дека и тврдокорните дамки можат да се отстранат со само еден производ што повеќето од нас, особено жените, веќе го имаат дома.

Жолтите дамки на перниците најчесто се појавуваат поради насобирање пот, природни масла од кожата и косата, производи за нега на кожата и плунка, кои постепено се впиваат во ткаенината. Иако се повидливи во потоплите месеци, тие всушност се создаваат постепено, во подолг временски период.

Ако ви здодеаја овие непријатни траги, постои едноставно решение.

Кога станува збор за совети за чистење, „Кралицата на чистотата“, позната како Линси, редовно споделува практични трикови со своите повеќе од 161.000 следбеници на Тикток. Во едно од своите видеа откри дека водородниот пероксид или попознат како хидроген, може ефикасно да ги отстрани жолтите дамки од перниците.

„Како да ги отстраните жолтите дамки од перниците? Водороден пероксид. Обилно испрскајте ги дамките, а потоа оставете да делува 15 минути.

Наполнете четка за садови со вода и нежно истријте ја перницата. Потоа ставете ја во машина за сушење алишта. Без дамки и повторно беспрекорно чиста.“ – напиша Линси во објавата.

Водородниот пероксид е ефикасно и релативно благо средство за избелување кое ги разградува телесните масла и потта – токму материите што предизвикуваат појава на жолти дамки на перниците.

За најдобри резултати се препорачува да измешате еднакви количини трипроцентен водороден пероксид и вода. Добиениот раствор испрскајте го или нежно нанесете го директно на дамките, оставете го да делува неколку минути, а потоа исперете ја перницата според упатствата на производителот.

Ова средство може успешно да се користи и за отстранување дамки од душек.

Водородниот пероксид лесно може да се најде во продавници за производи за домаќинство, аптеки, како и во одделите со производи за прва помош или козметика.

За да спречите појава на нови дамки, експертите препорачуваат користење заштитна навлака за перница со патент, која се става под обичната навлака. Таа ги задржува потта, маснотијата и влагата пред да стигнат до самата перница, со што значително ја продолжува нејзината свежина и трајноста.

@lynsey_queenofclean

Use hydrogen & water to remove yellow stains on pillows & mattress #fyp #cleantok #cleaningtiktok #cleaninghacks #cleaningmotivation #queenofclean

♬ Sunroof – Nicky Youre & dazy

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....