12:11 - 7 ноември, 2026

(Фото) Сите девојки го обожаваат: Маја Шупут го носи најпосакуваниот костим за капење

Хрватската пејачка Маја Шупут ужива на Ибица, а меѓу другото, внимание привлекуваат и костимите за капење што ги носи.

На самиот почеток од годината беше јасно – костими за капење со леопардски дезен ќе ги освојат плажите ова лето. На почеток на јануари манекенката Хејли Бибер сподели серија фотографии од новогодишниот одмор на плажа со своето семејство, меѓу кои имаше и фотографија од неа во костим за капење со леопардски принт на врзување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)


Таа носела винтиџ костим за капење кој се истакнувал со длабоко деколте по должина на целото торзо, со прерамки кои се врзуваат преку стомакот. Моделот доаѓа од колекцијата пролет/лето 2003 на Роберто Кавали.

Дека костимите за капење со леопард дезен се многу популарни, покажува и изборот на пејачката Маја Шупут, која во моменто е на одмор во Ибица, каде што позирала во црно бикини, како и во едноделен костим во нијанса на фуксија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)


Сепак, Маја покажала еден стајлинг на плажата, односно базенот, минатата недела, за време на нејзиниот одмор на хрватскиот остров Угљан. Пејачката позирала во едноделен костим од култниот  австралиски бренд „Зимерман“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)


Новото ѕвездено парче за сезоната, едноделниот костим за капење е украсен со безвременски леопардски принт во раскошни кафеави тонови, со атрактивно деколте и впечатлив провокативен детаљ со мотив на бамбус на предната страна, кој внесува нота на егзотичен луксуз.

 

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....