01:04 - 9 ноември, 2026

Трифуновиќ по забраната за влез во земјите на ЕУ: „Не ги нареков сите Хрвати усташи“

Актерот Сергеј Трифуновиќ кој вчеравечер гостуваше во српскиот Дневник на Нова ТВ, откако една година му е забранет влез во земјите на Европската унија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, изјави дека се започнало кога со своето куче дошол на плажата Обојена во Сплит. Била повикана полиција бидејќи кучето, волчјак, не смеело да биде таму.

„Тој знак е излепен со 28 налепници и не се гледа ништо. Одиме на суд, и јас во еден момент пршав – „Вие баш сакате да ме е*ете?“ Тоа е карактеризирано како навреда – вели Трифуновиќ.

Бил одведен на прекршочен суд. Вели дека вкупно платил 1.600 евра казна. Откако го напуштил судот, добил уште една казна. Пред два дена вечерта бил задржан на граничниот премин Бајаково, и потоа добил забрана за влез во споменатите земји.

„Јас не ги нареков сите Хрвати усташи. Замислете кога некој би ги нарекол сите Срби четници. Јас така ги нареков луѓето кои сакаат така да се однесуваат без причина и мислат дека затоа што носат униформа можат некого да го малтретираат без причина. Немам потреба да се извинувам на некого кого не сум го навредувал. Не сум ги навредувал хрватските граѓани, ниту било кој, дури ни жителите на Сплит. Мене ме малтретираше сплитската полиција – рече глумецот.

(Фото) На Трифуновиќ му забранија влез во Шенген, но видете колку е среќен волчјакот Миле со Сергеј

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....