8.8 C
Скопје
22:58 - 18 октомври, 2026

„Трета средба со Варшава, но пак немав среќа да ја видам сончева“: Каролина Гочева од дождливите улици на Полска

Каролина Гочева сподели дел од атмосферата од своето неодамнешно патување во Полска, каде што ги посетила двата познати града – Варшава и Краков. Поводот за нејзиното заминување бил концертот на британскиот бенд „Хртс“, но самото патување ѝ донело и неочекувано временско искуство.

„Почетокот на јули беше за Варшава и Краков. Сите годишни времиња освен лето и главниот повод за ова патешествие“, напиша пејачката на својот инстаграм- профил.

Од фотографиите и видеата што ги објави може да се види дека летните температури изостанале. Наместо сончеви денови, Каролина и нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин, ги следеле дожд, ниски температури и магла.

Пред концертот на „Хртс“, пејачката сподели видео со и се почегува дека малку се смрзнале додека го чекале настапот:

„Претходното видео беше причината поради која се најдовме во Варшава сред јули, ама не може текст на видеа… или јас не се снаоѓам?! П.С. Малку и смрзнати пред концерт.“

Каролина се пошегува и со необичното време во главниот град на Полска, каде што, и покрај третата посета, повторно не успеала да ја доживее Варшава во сончево издание.

„Трета средба со Варшава, но пак немав среќа да ја видам сончева, ама затоа… видов магла во јули“, напиша таа.

Слична била ситуацијата и во Краков, каде што пејачката сподели фотографија со чадор на дождливите улици, но не го сокри воодушевувањето од градот.

„И во Краков нè дочекаа сите годишни времиња, ама градот е….“, напиша Каролина, додавајќи емотикон со срце.

Иако временските услови не биле типично летни, патувањето сепак ѝ останало во убаво сеќавање. Покрај концертот што бил главниот повод за посетата, Гочева уживала во прошетките низ Варшава и Краков и со своите следбеници сподели дел од моментите од полската авантура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....