18:45 - 7 ноември, 2026

Елена Ристеска ги разнежни следбениците со прекрасни фотографии: „Мојата внука и јас, си пееме“

По концертот на Градското пливалиште во Струга, Елена Ристеска сподели фотографии и видеа на социјалните мрежи и откри дел од атмосферата.

На една од фотографиите се гледа како пејачката пее заедно со нејзината внука Делфина, ќерка на нејзината сестра Драгица. Кога малата Делфина се качи на сцената, ги освои симпатиите на присутните.

„Уште некоја фотка и видео од незаборавниот концерт во Пливалиште Струга. Мојата внука и јас, си пееме. Атмосферата. Си добив и подарок од моја обожавателка.  За жал не се гледа на сликите колку многу луѓе имаше. Транс“, напиша Ристеска.

Елена не го криеше воодушевувањето ниту од публиката, ниту од својот бенд, а откри и дека добила подарок од долгогодишна обожавателка.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....