22:19 - 7 ноември, 2026

Том Круз и режисерот морале да ангажираат телохранители: Поранешен вработен им се заканувал со смрт

Познатиот актер Том Круз морал да ангажира тим телохранители откако тој и режисерот Кристофер МекКуари добиле низа закани од поранешен вработен.

60-годишниот холивудски актер и 53-годишниот режисер нафилмот „Невозможна мисија“ добиле телохранители откако каскадерот бил отпуштен, што довело до „лути закани“ и страв од понатамошни одмазди, извести The Sun.

Извор од филмскиот сет открива дека „Том и Крис сè уште работат на „Невозможна мисија 8“, главно во Обединетото Кралство, но работите станале прилично непријатни со оглед на ситуацијата со поранешниот член на екипата, па тие не сакале да ризикуваат“.

„Тоа е по малку уметност на имитирање на животот, на снимањето сè се врти околу заштита и закани, а сега истото се случува и зад камерите“, објаснува изворот.

Како што пишуваат странските медиуми, поранешниот член на филмската екипа имал задача да најде локации за снимање сцени, вклучувајќи ја и онаа на која се гледа сударот на возот, но неговите предлози не биле вклучени во филмот.

„Главната ѕвезда на „Топ Ган: Маверик“ е навикната да има телохранители околу себе поради неговата слава, но за Крис тоа е нешто сосема ново бидејќи „никој не сака да ризикува“, открил изворот.

Отпуштениот работник поднел тужба против Круз, МекКвари и „Paramount“, а американските медиуми, исто така, ги наведоа обвинувањата за руските олигарси кои ја финансираат работата на Круз, како и поврзаната истрага на ФБИ за „Paramount“ околу финансирањето.

Изворот исто така додал дека „иако сè испадна многу лошо, инволвираните во филмот се убедени дека сè е сосема во ред и дека ова е само налутен поранешен член на тимот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise Fanpage (@_cruise_62)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....