10.8 C
Скопје
14:40 - 27 октомври, 2026

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

Фолкерот Дарко Лазиќ на 13 март, го погреба својот брат, Драган Лазиќ, на гробиштата во неговиот роден град Брестач, а на погребот присуствуваа над 500 луѓе, семејство, пријатели, како и колегите на Дарко и Драган.

Дарко на својот инстаграм-профил откри дека овие денови ги поминува претежно со своите деца, како и со децата на неговиот брат Драган Лазиќ, кој неодамна загина во сообраќајна несреќа.

– Моите – напиша ожалостениот Лазиќ со емотикон во форма на срце.

Фото/Инстаграм

Дарко Лазиќ е скршен од болка по смртта на неговиот помлад брат Драган, кој загина во сообраќајна несреќа на 11 март. Фолкерот покажа како го негува споменот на него со своето семејство и пријатели иако физички повеќе не е таму.

Дарко отиде во природа со сопругата Каќа, ќерката Срна и пријателите. Сопругот на поранешната сопруга на Дарко, Ана Севиќ, Даниел Недељковиќ, го сликал фолкерот додека ловел риба, а потоа Лазиќ споделил заедничка фотографија со своите пријатели кои биле со него. Тие донеле и слика од Драган за да можат, иако физички не е со нив, на некој начин да го почувствуваат неговото присуство.

– Секогаш си тука, те носам во срцето, драг моја – напиша Дарко со емотикон од скршено срце и бел гулаб.

Слични објави

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.
Се вчитува....