26.8 C
Скопје
15:38 - 6 октомври, 2026

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

Коки Јанков објави необична слика од него како носи количка со малтер. Во вакво издание, музичарот досега не сме го виделе.

Тој на сликата е со ракавици и е широко насмеан, а до неа напиша: „Од темели до кров. Клуч на рака“.

Фото/ Инстаграм

Инаку, по три децении од култната „Виолина и гитара“, Никола Јанков – Коки повторно застана на сцената на „Макфест“, предизвикувајќи бурни емоции и аплауз што не престануваше. Еден од најпрепознатливите гласови на естрадата успешно ја спојува сцената со професорската катедра, работејќи со младите музичари во Штип и подготвувајќи нов двоен албум и концерт по повод 30 години од легендарниот хит.

Тој сега живее во Штип со својата ќерка Лара која учи во средното медицинско училиште.

-Сакав да направам комбинација или компромис во музиката, немаше да можам. Но, ете, преку недела сум со колегите од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип (средно и основно музичко училиште) и со децата. Во викендите сум низ Македонија. Давам сè што знам од себе и сè што сум научил по патот на животот, бидејќи тоа се наши деца. А ги има сè помалку-изјави виолинистот за „Слободен печат“.

Слични објави

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

„Изгубија осум беби пред да ме добијат мене“ — Оља Карлеуша проговори за семејната драма

E.A.

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.
Се вчитува....