19:41 - 23 јули, 2026

„Ти никогаш нема да бидеш позната“: Вака зборуваше Саша Поповиќ за Ана Николиќ

Пејачката Ана Николиќ, покрај богатата музичка кариера, често е во фокусот на јавноста и поради бројни скандали, од кои дел датираат уште од периодот пред да стане позната.

Имено, Николиќ имала необично искуство со покојниот естраден маг Саша Поповиќ.

Во тој период, пред нејзината популарност, таа силно сакала да се пробие на сцената. Тогаш го запознала и Горан Ратковиќ Рале, со кого денес е во емотивна врска.

„Влегов внатре и видов дека Рале работи со некоја пејачка што никогаш претходно не сум ја видел. Му реков: ‘Рале, ајде да работиме, дали си луд, која е сега оваа пејачка тука’. Ѝ велам: ‘слушај ти, излези надвор’. Таа излезе од кабината, а јас ѝ реков: ‘која си ти бре?!’. Таа ми рече дека еден ден ќе стане популарна, а јас ѝ одговорив: ‘Ти никогаш нема да бидеш позната, марш надвор’“, раскажал Поповиќ.

Сепак, само една година подоцна, Ана Николиќ станала позната.

„Ја поканив во ‘Гранд шоу’, и таа дојде и ме потсети како ми кажала дека ќе стане позната“, изјавил Поповиќ своевремено.

Пејачката извесен период живеела со ќерката Тара во еден белградски хотел, додека се реновирал нејзиниот стан на Вождовац. Потоа се вратила дома, но соседите не биле воодушевени.

„Тука е Ана, за жал, се врати пред неколку дена. Верувајте, сите мирно спиевме додека беше во хотел. Не ни пречеа ни работниците ни бучавата, само додека не беше таа тука. Откако се врати, веќе настана хаос. Паркира каде што не смее, па сите се жалат и ѝ ѕвонат на врата да се препаркира, а таа не се јавува на интерфон. Погледнете го само овој неред на терасата. Ѝ служи како место за одлагање стари работи. Целиот мебел што го смени го оставила таму, изгледа многу грдо. Додека траеја работите, една жена од зградата ѝ рече дека би било добро да плати изнесување на тие старуди од станот и терасата, но таа не сакаше ни да слушне за тоа. Страшно“, изјавила една сосетка за медиумите.

Слични објави

„Грижата за себе не е луксуз, туку првиот чекор кон подобар живот“ – Марина Петровска, велнес-советник, за малите навики што носат големи промени

Еспресо

Кристина Арнаудова: „Времето на неписмени мочковци е почнато“

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо

(Фото) Луна и Нина Ѓогани со емотивни пораки до Едита по породувањето: „Ќе бидеш најдобрата мајка“

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Специјални летни цени за хипербарна терапија

Еспресо

(Фото) Северина ужива во летото со синот Александар: „Со вкус на море, со вкус на сол…“

Еспресо
Се вчитува....