Пејачката Анѓела Игњатовиќ – Бресквица по промоцијата на новиот албум решила да направи пауза и да отпатува во Опатија, по потежок период и на приватен и на професионален план.
По напорниот ангажман, таа слободното време го користи за одмор и подготовка за летото кое ѝ претстои. Бресквица важи за една од најпопуларните млади пејачки на домашната сцена, а на социјалните мрежи сподели фотографија во природно издание – со врзана коса и минимална шминка. Сепак, вниманието на јавноста го привлекоа шпекулациите за нејзина наводна поврзаност со кошаркарот Лука Дончиќ.
Кога Дончиќ ќе се врати на теренот по повредата засега не е познато. Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик, изјави дека закрепнувањето се одвива во добра насока.
„Претходно можеше само да стои и да шутира, а сега почна и да се движи по теренот. Се гледа напредок, но сè уште е рано да се прогнозира кога точно ќе се врати во тимот“, рече Редик.
Словенецот е надвор од терените од 2 април, а во меѓувреме бил во Мадрид на специјални третмани. Не е познато дали сè уште е таму, а неговата неактивност на социјалните мрежи дополнително ги поттикна гласините дека двајцата можеби отпатувале заедно, откако и двајцата ставија крај на своите врски.
По промоцијата, Бресквица се осврна на овие шпекулации.
„Не сме се сретнале, тоа се само приказни, сè ми е смешно. Мене тоа навистина не ме интересира, но ми е драго што некој толку успешен како него знае која сум“, изјави таа.
Пејачката неодамна ја прекина петгодишната врска со Немања, со кого беше заедно по разделбата со Михајло Веуровиќ. Тој не се појави на промоцијата на албумот, а таа веќе подолго време не гоч спомнува ниту во јавноста. Според информации, се иселила и од заедничкиот дом.
„За приватниот живот не зборувам. Тоа е познато. На оваа тема нема да зборувам ниту сега, ниту во иднина“, рече Бресквица.
Во меѓувреме, Дончиќ исто така ја прекина врската со долгогодишната партнерка Анамарија Голтес. Откако таа ги избриша заедничките фотографии од социјалните мрежи, стана јасно дека врската е завршена. Според медиумски извештаи, поранешниот пар води постапка за старателство, а рочиштето е одложено за август.
„Ги сакам своите ќерки повеќе од сè и правам сè што е во моја моќ тие да бидат со мене во САД за време на сезоната. Сè што правам, го правам за нивната среќа“, изјавил Дончиќ.
Со оглед на тоа што раскините се случија во сличен период, јавноста внимателно ја следи ситуацијата, но засега нема потврда дека станува збор за нешто повеќе од шпекулации.
