29.9 C
Скопје
19:39 - 6 август, 2026

Татко ѝ ѝ остави милиони, а таа заработува од занает: Ќерката на Саша Поповиќ напушти два факултета за да се занимава со маникир

Александра Поповиќ, ќерката на покојниот директор на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, и пејачката Сузана Јовановиќ, со својот начин на живот целосно им пркоси на стереотипите кои важат за децата на познатите личности. Иако татко ѝ ѝ остави милиони и ѝ обезбеди недвижнини, така што во животот буквално не мора ништо да работи, таа избра поинаков пат и одлучи сама да си ги заработува парите.

Од факултетска клупа до маникир

Откако запиша, а потоа на изненадување на многумина и ги напушти двата факултети бидејќи „сè уште се бараше себеси“, оваа креативна девојка со „немирни прсти“ заврши курс за маникир. Нејзината неодлучност кога станува збор за формалното образование, мајка ѝ Сузана ја објаснува со генетиката, признавајќи дека и самата некогаш ги менувала средните училишта.

Александра денес е максимално посветена на својата работа и се занимава со популарната гел-техника за надградба на нокти, а прва муштерија и модел ѝ била токму нејзината мајка. Бидејќи бизнисот ѝ оди одлично, во план е и негово проширување, за што секако го има потребниот почетен капитал.

Скромност и целосна анонимност

Она што посебно ја издвојува Александра е нејзината исклучителна скромност и желба за целосна анонимност. Таа не ја сака јавноста, срамежлива е, а нејзиниот профил на Инстаграм е заклучен. Наместо луксузни излегувања, клубови и ноќен провод кои се вообичаени за нејзините врсници, таа избира дружење со „обичниот“ свет во тесен круг на блиски пријатели.

Сузана еднаш откри дека нејзината ќерка е уметничка душа која пее „само за своја душа во бањата“. Колку го избегнува медиумското внимание зборува и фактот што се бунела кога татко ѝ го привлекувал вниманието на минувачите. Таа дури признала дека задолжителното носење маски за време на пандемијата на коронавирусот ѝ донело олеснување, бидејќи конечно можела да се скрие од љубопитната јавност.

Почит кон семејната традиција

Сепак, дека држи до семејните вредности покажа неодамна кога на социјалните мрежи сподели фотографија од семејниот дом. Таа на своите следбеници им покажа како семејството ги пречекува гостите за семејната слава, Светите три Јерарси, каде што се гледаше убаво и скромно украсена славска трпеза, со свеќа, вино и икона.

Слични објави

„Огњен нема деца од првиот брак, има син од вториот брак“: Изјавата на сопругата на Амиџиќ ги збуни сите

Еспресо

Ова е бизнисменот со кого Милица Тодоровиќ доби син?

Е.А.

Јаков Јозиновиќ апелираше до публиката да престане да фрла мобилни телефони на сцената

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац позираше како балерина и им испрати моќна порака на жените: „Живејте според вашите стандарди“

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Улогата на пробиотиците во здравјето на цревата

Еспресо

(Видео) Не се одвојува од синот – Анастасија Ражнатовиќ сподели сладок момент од сопругот Немања и нивниот син

Еспресо
Се вчитува....