21:40 - 31 октомври, 2026

(Фото) Александар Динев и Евче раскинаа: „Веќе четири месеци не сме заедно…“

Александар Динев и Евче ставија крај на љубовната врска, а веста ја споделија преку заедничка објава на социјалните мрежи. Во духот на светските познати личности, кои со заеднички соопштенија ја информираат јавноста за разделбите, и тие решија на ист начин да откријат дека повеќе не се пар.

Александар Динев и Ева Јовановска – Евче, кои повеќе од година и пол беа во емотивна врска, веќе четири месеци не се заедно. Во изминатиот период следбениците забележаа дека престанаа да објавуваат заеднички фотографии и видеа, а дел од старите објави исчезнаа од нивните профили.

Фото: Инстаграм/Александар Динев

Токму тоа ги поттикна шпекулациите за нивната разделба, кои сега и официјално ги потврдија преку заедничка порака на Инстаграм. Александар откри дека објавата ќе остане на нивните профили само една недела.

Во пораката тие наведуваат:

„Веќе некое време размислуваме како да го споделиме ова, затоа што не е лесно да се зборува јавно за нешто што за нас е многу лично.

Бидејќи нашата врска беше јавна од самиот почеток и бидејќи многу од вас постојано нè прашуваат за истата, чувствуваме дека е најискрено ова да го споделиме со вас.

Ние повеќе не сме заедно.

Веќе 4 месеци не сме во врска, а во тој период си дадовме простор и време за себе. Денес сме во добар однос и продолжуваме понатаму со меѓусебна почит и разбирање.

Не би сакале да навлегуваме во детали, затоа што веруваме дека некои работи заслужуваат да останат приватни. Тоа што сакаме да го кажеме е дека имаме почит еден кон друг, благодарни сме за сите убави моменти што ги споделивме и искрено си посакуваме мир, среќа и многу успеси понатаму.

Ве молиме да не испраќате омраза, да не создавате претпоставки и да не нè притискате со прашања. И двајцата сме луѓе со чувства и во овој период најмногу ни значи вашето разбирање.

Ви благодариме на сите што нè поддржувавте и ќе продолжите да нè поддржувате и понатаму.

Со љубов,
Александар и Ева“

Фото: Инстаграм/Александар Динев

 

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....