01:33 - 31 октомври, 2026

Осуден поранешниот партнер на Емина Јаховиќ: Турскиот милијардер доби две и пол години затвор

Садетин Саран, турски милијардер, претседател на гигантот Фенербахче, а познат и како поранешно момче на пејачката Емина Јаховиќ е осуден на две и пол години затвор, пренесоа турските медиуми.

Турскиот суд го прогласи за виновен откако беше утврдено дека на платформата Ес Спорт, која работи во рамките на неговата компанија, се емитувала реклами поврзани со нелегални обложувалници.

Пресудата е изречена по големата истрага што минатата есен ја почна Турската фудбалска федерација (ТФФ) за нелегално обложување во домашниот фудбал, пренесуваат турските медиуми.

Многу турски јавни личности се огласија за овој случај и застанаа во негова одбрана, а се поведе дебата за тоа дали е виновен и на социјалните мрежи.

Инаку, Емина и Садетин влегоа во романса по нејзиниот развод од Мустафа Сандал, меѓутоа, таа романса не траеше долго.

Пејачката истакна дека двајцата се возрасни и дека се разделиле како пријатели под најдобри можни услови.

Денес, турскиот милијардер е исклучително активен на Инстаграм, каде што често споделува фотографии од службени патувања, но и од тренинзи, покажувајќи дека изгледа одлично и е во одлична форма за своите години.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо
Се вчитува....