12.8 C
Скопје
04:57 - 18 септември, 2026

(Фото) Меѓу најдобрите во светот — Александра Пилева сподели специјална приказна од Америка за синот Лука

Пејачката Александра Пилева (Чадиев) сподели ретка приказна од Америка за нејзиниот син Лука.

Иако долго време не е континуирано активна во музиката, Пилева, која живее во Чикаго, остана да важи за еден од нашите најдобри и најмоќни вокали. Таа во Америка успешно менаџира сосема поинаква кариера.

Денес таа е успешна деловна жена, посветена мајка и сопруга, која изгради свој нов свет далеку од рефлекторите. Александра, заедно со својот сопруг Зоран Чадиев, поранешен тренер на женската одбојкарска репрезентација, се пресели во САД, каде што веќе долги години живеат и работат. Пилева денес гради успешна кариера како агент за недвижности.

Најголемата среќа и гордост на Александра и Зоран е нивниот син Лука Чадиев, кој сериозно чекори во светот на спортот. Лука покажува исклучителен талент и остварува сериозни спортски успеси во тенисот.

Дека неговиот пат е насочен кон вистинските спортски височини потврдуваат и неговите средби со најдобрите. Семејството помина прекрасен викенд во Остин, Тексас, каде што Лука имаше можност да тренира и да помине време со најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски.

„Прекрасен викенд во Остин, Тексас, со Калин Ивановски, нашиот најдобар македонски тенисер. Калин, ти посакувам многу брзо да стигнеш меѓу најдобрите во светот, затоа што навистина го заслужуваш тоа. И еден ден, се надевам дека ќе заиграте заедно со Лука за Македонија“, сподели Александра.


На новите фотографии што ги сподели, таа е на ручек со синот, а ги објави заедно со два нејзини хита, „Летај со мене“ и „Единствена“. Она што може да се забележи од фотографиите е дека Александра изгледа одлично и не се нема многу сменето од времето кога беше активна на македонската музичка сцена.

Слични објави

Марија Шерифовиќ отворено за синот, љубовта и гласините: „Се навикнав на темната страна на славата“

Еспресо

Милица Тодоровиќ откри како се снаоѓа со синот Богдан: „Не би можела без помош!“

Еспресо

Само две недели по венчавката со Ристовски, Аница Лазиќ испрати јасна порака: „Чувствувам презаситеност“

Еспресо

(Фото) „Љубови“: Емилија Мицевска ужива во првиот семеен одмор со синчето Давид

Еспресо

Ќерката на Николина Пишек казнета со 1.500 евра: Не се појави на судењето за милионскиот грабеж, судијката издаде налог за приведување

Е.А.

Жаре од „Еден на еден“ стана татко по вторпат – неговата сопруга ја објави првата фотографија со малата Саша

Еспресо
Се вчитува....