13.8 C
Скопје
19:40 - 20 октомври, 2026

Тања Савиќ конечно најде искрена љубов, згоден и богат бизнисмен – маж со сериозни намери

Познатата пејачка  Тања Савиќ наводно веќе три месеци е во врска со бизнисмен од Смедерево, пишуваат српските медуми.

Наводно станува збор за разведен маж кој има ќерка тинејџерка со која ја запознал пејачката, што, како што наведуваат медиумите, покажува дека неговите намери со пејачката се сериозни.

Бизнисменот и пејачката се запознале на роденденска прослава и цела вечер ја поминале разговарајќи. Откако размениле броеви, по извесно време бизнисменот ја повикал пејачката  на вечера и почнале врска.

„Тања не сака да зборува за своето момче и општо за нејзиниот љубовен живот. Пред три месеци започна врска со бизнисмен од Смедерево, кого пријателите го нарекуваат Лола. Тој се разведе пред една година, има ќерка тинејџерка , а неодамна ја запозна Тања со неа. Многу е внимателен кон неа.Се запозна и со семејството на Тања кои се воодушевени од него. Има 40 години, не е лигав, навистина се заљубил во Тања и сака да изгради нешто сериозно со неа. Двајцата се познаваат повеќе од десет години, но никогаш немале никаков интимен контакт. Кога ќе се сретнеле се поздравувале и така било до пред три месеци“, вели близок пријател на пејачката која годините на малтретирање со поранешниот сопруг конечно ги остави зад себе.

Слични објави

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо
Се вчитува....