02:36 - 28 ноември, 2026

Строги мерки во Хрватска: Се воведува забрана за собирање на повеќе од две домаќинства

Од вторник, Хрватска ја очекуваат построги мерки, што ќе бидат на сила од 22 декември до 8 јануари и, меѓу другото, ќе бидат воведени пасоши за движење и ќе се воведе забрана за собирање луѓе од повеќе од две домаќинства.

Според порталот Индекс, постојните мерки ќе бидат продолжени, а ќе се додадат и неколку нови.

Дефинирани се нови правила за пропусници што ќе бидат построги отколку за време на првиот бран. Кризниот штаб сака да го избегне претходното искуство кога масовно се издаваа пропусници за вработени во компаниите, па на крајот на првиот бран беа издадени повеќе од милион.

Затоа, движењето меѓу општини ќе им биде дозволено првенствено на вработените во службите на кои навистина им треба, како и во ретки посебни случаи. За компаниите ќе бидат обезбедени само за оние вработени кои не можат да работат од дома.

Премин ќе биде возможен за полицијата, пожарникарите, медицинските работници и другите служби за итни случаи.

Од вторник, ќе важи и забраната за собирање повеќе од две домаќинства. Оваа одредба ќе се додаде на сегашното ограничување на приватните собири на максимум десет лица.

Според хрватските медиуми, Кризниот штаб сепак одлучил да иизлезе во пресрет на Црквата, но само за Бадник и Божик. Тие два дена, наместо ограничувањето од 25 лица, без оглед на големината на црквата, ќе важи правилото – една личност на седум квадратни метри црква.

Истото правило за една личност на седум квадрати ќе важи за театри, кина, галерии и други места што припаѓаат на доменот на културата. Тие остануваат отворени.

Како дел од продолжувањето на постојните мерки, забраната за работа на кафулињата останува во сила, а рестораните остануваат затворени за гости.Рестораните во хотелите остануваат отворени, но нема да можат да организираат новогодишни прослави.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....