24.8 C
Скопје
14:09 - 6 јуни, 2023

Страшна исповед на Ешли Џад: „Три пати бев силувана, а еднаш абортирав“, ѝ олеснило кога се соочила со силувачот

Холивудската актерка Ешли Џад (54), призна дека три пати била силувана, no откри i уште еден шокантен факт од нејзиниот живот. Имено, таа неодамна се сретнала со еден од силувачите и разговарала со него.

„Преживеав сексуална злоупотреба, силување и инцест. Благословена сум затоа што во 2006 година луѓето кои го доживеаја истото ми помогнаа да се опоравам. Летото 1984 година беше болно. Еден возрасен ме силуваше двапати, додека друг возрасен постојано ме малтретираше, а еден маж гледаше сè (сега знам дека тоа беше затоа што му требаше сведок, некој што ќе ми ја поткопа изјавата во случај да одлучам да пријавам се) – напиша таа еднаш на социјалните мрежи.

Ешли била нападната и силувана во 1999 година и од тој момент немала мир. Во 2019 година, актерката откри дека тогаш била трудна, но  решила да ја прекине бременоста, па затоа сега се залага за право на абортус.

– Сите знаат дека преживеав тројно силување. И еден од тие три пати, зачнав, многу сум благодарна што успеав да пристапам до безбеден и легален абортус, бидејќи силувачот е од Кентаки, исто како и јас, и според законите во таа држава би имал татковските права – објасни таа.

Актерката всушност била жртва на силување и инцест, а нејзиното воспитување го одбележало злоставувањето на нејзината мајка која имала психички проблеми. Таа наведува дека неколку години се обидувала да го пронајде човекот кој го извршил тој грозоморен чин. И успеала во тоа.

– Да скратам, завршивме на лулашките покрај потокот. Реков: Многу ме интересира да ја слушнам приказната што ја носиш сите овие години. Направивме муабет за ресторативната правда. Сакав да ја споделам таа приказна бидејќи има многу начини да се излечиш од тагата и важно е да ги потсетам слушателите дека ништо не ми требаше од него. Само ми беше задоволство да се види дека изрази длабоко каење и дека се поправил, бидејќи лечењето од тага е внатрешна работа – изјави актерката во подкастот „Исцелување“.

Таа особено нагласи дека по траумите кои ги доживеала ја изгубила довербата во мажите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CMT (@cmt)

Таа објасни дека разговорот со еден од силувачите ѝ помогнал да го преброди пеколот низ кој поминувала.

 

Слични објави

(Видео) Жалосно, Мајкл Џеј Фокс падна на бина, за среќа ударот се ублажи од тросед: Снимка која ќе ве расплаче

Еспресо

(Видео) Тејлор Свифт на концерт голтна бубачка: Видеото собра стотици илјади прегледи

Еспресо

Ќе си ги исполнат соништата: Три хороскопски знаци ги чека вртоглав успех многу наскоро

Еспресо

Датум на магично огледало 6.06: Како да го промените животот за еден ден и да ја испратите желбата до Универзумот

Еспресо

(Видео) Шакира и Хамилтон не се разделуваат, по вечерата „уловени“ на забава во диско: „Маска“ им е друштвото на Нејмар и Мбапе

Еспресо

Дарко Лазиќ се огласи по скандалозното видео: „Знам кој сака да ми ја скине главата, ми се осветуваат!“

Еспресо
Се вчитува....