15.8 C
Скопје
00:23 - 23 октомври, 2026

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН БРИЏИТ ФОНДА! Што се случи со актерката? Ова се вистинските причини за збогување со Холивуд

Што се случи со актерката која ја глумеше Мелани во „Џеки Браун“?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bridget Fonda (@bridgetfondafan)

Актерката, ќерка на покојниот Питер Фонда и внука на Џејн Фонда, вчера дувна 58 свеќички. Родена во Лос Анџелес на 27 јануари 1964 година, таа беше една од најпознатите, најубавите и најбараните холивудски актерки во 1980-тите и 1990-тите. И покрај многуте постигнати успеси, кариерата на Бриџит Фонда нагло запре на почетокот на новиот милениум. Нејзиниот последен проект датира од 2002 година, поточно од мини серијата The Snow Queen. Што се случи со глумицата?

Набргу по снимањето на „Снежната кралица“, Бриџит Фонда преживеа застрашувачка сообраќајна несреќа во која ги скрши пршлените. Во февруари 2003 година, по шест годишна врска, актерката ја објави својата свршувачка со композиторот Дени Елфман. Двајцата се венчаа неколку месеци подоцна, во ноември 2003 година. Во 2005 година се роди нивното прво и единствено дете.

Откако стана мајка Бриџит Фонда одлучи целосно да се посвети на семејството, збогувајќи се од светот на Холивуд и актерството. Со текот на годините,  таа и сопругот се тргнаа настрана од очите на јаваноста, а многу далеку од центарот на вниманието, давајќи многу малку интервјуа.

Таа нема профли на социјалните мрежи. Во текот на едно интервју, Дени Елфман не ја исклучи можноста за враќање на неговата сопруга на сетот, но под еден услов: „Тешко е да се вратиш во филмскиот бизнис. Треба да биде тоа многу посебен филм, но би сакал тоа да се случи“.

А еве како славната глумица и убавица изгледа денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Celeb Mess (@celebmess)

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....