08:52 - 19 август, 2026

СПРЕМНИ ЗА ПАТУВАЊЕ: Која е најпопуларната дестинација во светот за 2022 година?

„Tripadvisor“ ги објави топ дестинациите што патниците ги избрале како најпопуларни за 2022 година.

Платформата за патување ја објави листата на 10-те најпопуларни дестинации во светот за оваа година, а на прво место е градот кој последниве години привлекува се поголемо внимание кај туристите.

На прво место е Дубаи, а како што велат од „Tripadvisor“, рибарското село од 20 век, кое процвета во 21 век и прерасна во ексклузивно место за патување, е најпопуларната дестинација во светот за оваа година.

Дубаи не е единствената азиска дестинација на листата, а може да се забележи дека доминираат европските градови, како и тропските и пустинските места.

Зошто Дубаи?

„Дубаи е модерен град со сè: прекрасни плажи, ресторани од светска класа и прекрасни хотели. Бидејќи изборот на најпопуларните дестинации за патување е направен според прегледите на местата за идни посети, престој и работи што треба да се прават таму, па според тоа и се избираат најдобро рангираните, ова значи дека дестинацијата добила одлични критики од патниците во сите туристички сектори“, рече Џастин Рид, од платформата.

„И покрај ефектите од пандемијата, Дубаи продолжува да ги привлекува посетителите од целиот свет и се истакнал како омилена дестинација за патниците кои сакаат малку возбуда“, додаде тој.

Како изгледа списокот?

  1. Дубаи (ОАЕ)
  2. Лондон (Велика Британија)
  3. Канкун (Мексико)
  4. Бали (Индонезија)
  5. Крит (Грција)
  6. Рим (Италија)
  7. Кабо Сан Лукас (Мексико)
  8. Истанбул (Турција)
  9. Париз (Франција)
  10. Хургада (Египет)

Слични објави

Дневен хороскоп за 19 август: Ви претстои одличен период, искористете ги можностите

E.A.

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо
Се вчитува....