04:03 - 12 март, 2026

СОПРУГАТА НА КРИС НОТ ВО ШОК ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ: Не се чувствува добро

тара вилсон

Сопругата на актерот Крис Нот, Тара Вилсон била многу вознемирена поради неодамнешните обвинувања за сексуално злоставување против актерот, пишуваат странските медиуми.

Момчето од „Сексот и градот“ обвинет за сексуална злоупотреба, а неговата сопруга е во шок: „Не се чувствувам добро“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Draffen (@hyphenednation)

Веќе три жени упатија жестоки обвинувања против актерот, а се вклучуваат и ѕвезди од Холивуд кои посочуваат дека актерот се однесувал непристојно.

АКТЕРОТ КРИС НОТ ОБВИНЕТ ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ: Продолжението на „Сексот и градот“ отворило стари рани

Пријател на актерското дуо изјавил дека на неговата сопруга Тара ѝ е тешко поради обвинувањата.

„Можеби тој не е моногамен, но дознавме дека неговата сопруга не знаела. Ако ништо друго, тој е виновен за тоа. Таа е во Лос Анџелес и е многу вознемирена. Не ѝ е добро. Планирале да го поминат Божиќ заедно, но сега не се знае“, рекол извор близок до актерот, додавајќи дека приказната секогаш има две страни и дека мора да се слушнат пред некому да му се суди.

КРИС НОТ СЕ ОДНЕСУВАЛ НЕПРИСТОЈНО: Актерката Зои Листер-Џонс жртва на сексуално вознемирување

„Крис што го знам не е оној Крис што го опишуваат овие жени. Сите негови пријатели се со него. Сака да флертува, но не е нападен. Не е Вајнштајн. Му верувам и верувам дека не е така како што наводно се прикажува“, изјавил пријателот на Нот.

НЕ ПРЕСТАНУВААТ ОБВИНУВАЊАТА ПРОТИВ КРИС НОТ: Уште една жена го обвини за сексуално злоставување

Крис наводно бил целосно збунет и згрозен од овие обвинувања, особено зошто се објавени токму сега, кога излезе новото продолжение на „Сексот и градот“.

Тара и Крис се запознале пред 20 години, кога работела во клубот „The Cutting Room“. Тие се во брак од 2012 година и имаат два сина, 13-годишниот Орион и 18-месечниот Китс.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....