15.8 C
Скопје
13:37 - 10 март, 2026

Снеже Велков со емотивна приказна: Како потрсесени сме сите, несмирени

Водителката Снеже Велков е полна со уникатни приказни, и речиси секогаш отворено зборува за својот живот. Оние кои ја следат знаат дека велосипедот е нејзината пасија, дека е ранобудник и дека уште пред 7 часот наутро ужива со својот велосипед по празните скопски улици.

Но, своите два сина и сопругот на социјалните мрежи поретко ги објавува, за да ја зачува нивната приватност.

Снеже Велков е една од оние наши јавни личности кои на социјалните мрежи има интересни статуси во кои многумина од нас можат да се пронајдат, но се поврзани и со неа лично. Една таква приказна, раскажа Снеже во својот најнов статус:

Фото – приватна архива

„Некогаш, во Југославија, народот беше поспокоен и посмирен. Во 19:30 беше последниот цртан филм –потоа децата немаа што повеќе да гледаат и одеа да спијат. Некогаш после 22:30 а некогаш по полноќ, крај на програмата: Прво оној пискав звук што те вадеше од кожа, па после шуштење и песок на екранот. Толку е. Нема телевизија до утре.

Попладне сите спиеја. Таткото доаѓа од работа, легнува да одмори – децата молчат, телевизор не се пушта. Најдобро е да излезат надвор и да играат.
Имаше и весник со кој таткото заспива. А ти внимаваш нечујно да ми го тргнеш – да не зашушка оти…ти си знаеш.

Кога се работеше – се работеше. Кога се одмараше – се одмараше.
Немаше мобилен да ѕвони, ниту мејл да те стресе и да те праша шефот или колегата нешто. Цепаш пиво и карти во Бечичи.

А денес?

Како потресени сме сите – несмирени. Живееме колективен неспокој.
Се тресеме од повици од серии од репризи од објави, лајкови, очекувања, разочарувања, пакувања, заминувања, „хејтови“,  „бламови“ и туѓи срамови…

Дојдено е време за крај на програмата. Пуштај го звукот. Дај го шуштењето. Да одмориме“, напиша Снеже Велков, водителката на емисија „Нешто конкретно“.

Фото: Фејсбук принтксрин

Слични објави

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.
Се вчитува....