12:34 - 3 април, 2026

Славчо Попоски: Уживајте во сонцето и релативно високите температури

– И понатаму во следниот подолг период времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и претежно сончево. Наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

Во четврток ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови опаѓање и на максималните дневни температури. Но сепак стабилното и суво време со многу сонце ќе продолжи.

И во Скопје и околината времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштааат во интервалот помеѓу 2 и 4 степени, додека максималните дневни ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 20 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....