14.8 C
Скопје
12:47 - 26 октомври, 2026

Славчо Попоски: Температурната инверзија продолжува и понатаму во Македонија

– До недела во Македонија продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена облачност и тоа особено на повисоките места и на планините. По котлините и понатаму ќе има појава на густа магла, ниска облачност и ЗНАЧИТЕЛНА ЗАГАДЕНОСТ во воздухот, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови.
Наутро температурите ќе се спуштаат до околу, па и под нулата а преку денот и особено на повисоките места и на планините ќе биде НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО за овој период од годината, а во местата со магла и ниска облачност ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО. Максималните температури понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, додека во местата со магла и ниска облачност температурите и преку ден ќе останад под 10 степени.
Во Скопје и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 10 степени.
ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Метеоролошкиот феномен “Температурна инверзија” продолжува и понатаму во Македонија, што значи дека на повисоките места и на планините ќе биде топло, а по котлините и низините постудено. Исто така и за Божиќ продолжува натпросечно топлото време, додека по котлините и понатаму ќе биде магливо и постудено, вели метеопрогнозерот Попоски.

Слични објави

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.

Есенски појадок за 10 минути — кремаста овесна каша со јаболка, мед и цимет

К.С.

Дневен хороскоп за 26 октомври: Внимавајте на роковите што ги одложувавте

apostolova

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.
Се вчитува....