13:55 - 9 ноември, 2026

Славчо Попоски: Температурите и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени

– И во оваа прва седмица од новата 2023 година продолжува стабилното, суво и натпросечно топло време. Особено топло ќе биде на повисоките места и планините, додека по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност. Во местата до магла и со ниска облачност температурите ќе бидат пониски. Инаку температурите и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Ќе биде претежно тивко. Во Скопје и понатаму ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 8 степени. Потопло ќе биде во среда кога температурата ќе се искачи до околу 11 степени. За Божиќ нема никаква најава за снежна бајка, што значи дека продолжува натпросечното топло време, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....