7.8 C
Скопје
01:02 - 20 октомври, 2026

Славчо Попоски со викенд прогноза: Дали да планирате прошетки и кога, а кога да откажете сè

Метео прогнозерот Славчо Попоски нè информира какво време ќе имаме за време на викендот и како ќе ни почне следната недела.

– За време на овој викенд ќе биде понестабилно, на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите остануваат многу високи и тоа поради влијанието на многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во најтоплите предели се очекува да се искачат и малку над 30 степени – вели Попоски.

Според Попоски, во почетокот од следната недела сè уште ќе има услови за локална попладневна нестабилност, додека постабилна атмосфера се очекува од средината на неделата. Минималните температури ќе бидат значително повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните дневни остануваат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, а мал пад на истите, барем отсега гледано, се очекува од среда.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....