– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени. Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10 – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Слични објави
„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата
„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ
Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“
Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане
Се вчитува....
