11.8 C
Скопје
15:35 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ни доаѓа сонце, еве кога ќе му се радуваме!

– Како што најавивме, од утре следува неколку дневен период на стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Минималните температури на некои места ќе се спуштаат и под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени. Нов влажен бран од запад се очекува да ја зафати нашата држава во текот на ноќта сабота кон недела, и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион од утре следува неколку дневвен период на претежно стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди, додека нови врнежи од дожд се очекуваат во текот на ноќта сабота кон недела и во недела. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 15 степени.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....