9.8 C
Скопје
12:40 - 1 април, 2026

Славчо Попоски предупредува на невреме, еве кога

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува и засилен ветер од западен и од северозападен правец. Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поголеми услови за нестабилност и на повеќе места ќе има утре, кога ќе има услови и за појава на локално НЕВРЕМЕ. Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени. Пад на температурите за неколку степени ќе има во петок.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО време. Ќе биде сончево со мала локална облачност, а особено утре попладне ќе има појава на нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на локално КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 31 и 36 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....