08:55 - 12 март, 2026

Славчо Попоски најавува провејување на снег и ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ на дожд

– До овој петок времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени. Во Скопје и околината исто така до овој петок ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 24 степени.

ОФИЦИЈАЛНА НАЈАВА: За време на викендот територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклон од Медитеранот и истиот ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и засилен ветер од југоисточен правец. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (околу 40 л/м2). Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и тоа дури за околу 10 степени во споредба со сегашните и особено во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Поради падот на температурите, на највисоките планински места низ Македонија ќе има услови и за провејување на снег, вели метеопрогнозерот Попоски.

Слични објави

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.
Се вчитува....