– Како што најавивме, од утре па натаму следува период на стабилно, суво и на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСОНЧЕВО време. Сепак наутро ќе биде ДОСТА СТУДЕНО и во следните неколку утрини минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на повисоките планински места температурите ќе се спуштат дури и под -5 степени. Токму поради овие температури ќе има појава на МРАЗ на повеќе места, па така на земјоделците ги советуваме НАВРЕМЕНО да си ги заштитат своите земјоделски култури, бидејќи постои ОПАСНОСТ од ПРЕМРЗНУВАЊЕ на истите. Максималните дневни температури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени, а потоа ќе бележат тенденција на пораст. И во Скопскиот регион од утре следува период на стабилно, суво и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСОНЧЕВО време. Наутро ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 20 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Слични објави
Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?
„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата
„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ
Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“
Се вчитува....
