06:02 - 7 ноември, 2026

Славчо Попоски: Голем сув студ, температури до минус 15 степени!

– Под влијание на многу студена и сува воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО, односно променливо облачно со сончеви периоди.
Денес се уште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу – 10 степени, понекаде и до околу – 15 степени, додека во северозападните високи планински предели и под – 15 степени. Максималните дневни температури пак исто така на повеќе места ќе се задржат под нулата и ќе се искачуваат во интервалот од – 5 до 4 степени.
Врнежи од снег оваа седмица не се очекуваат што значи ќе имаме сув голем студ.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Денес се уште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе спуштаат во интервалот од – 7 до – 5 степени а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу – 1 и 2 степени.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....