10:08 - 4 април, 2026

Славчо Попоски: Долг период ќе уживаме во сонцето!

– Продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време со малку повеќе облачност за време на викендот кој доаѓа. Наутро и тоа особено до среда ќе биде СТУДЕНО со минимални температури кој особено во Беровскиот регион ќе се спуштат за неколку степени под нулата. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во четврток ќе биде и ветровито. Односно ќе дува умерен, а особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 4 степени.

Во Скопје и околината времето и во следниот период ќе се задржи сончево и стабилно.

Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро минималните температури ќе се спуштаат до околу 2 степени, и тоа особено до среда а потоа наутро ќе биде малку потопло. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 21 степен, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....