24.8 C
Скопје
18:32 - 19 мај, 2024

Која е Тања Фаjон, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија: „Бев многу тврдоглава, бев на Триглав кога не можев да одам“

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, престојува во официјална посета на земјава. Поранешната новинарка на РТВ Словенија е добро познато лице во Словенија, но и во другите земји од поранешна Југославија.

Она што е помалку познато во земјите од Западен Балкан, но не и во нејзината татковина, е дека пред 25 години Фајон се соочила со болест која во тоа време се сметала за неизлечива. Дијагноза: Хронична миелоидна леукемија (ХМЛ). Прогноза: Најмногу седум години живот. Во тоа време, единствениот лек бил трансплантација на коскена срцевина. Додека чека донатор, кого не можела да го најде во непосредна близина, Фајон решава да ѝ се спротивстави на  болеста. „Правев сѐ што докторите ми велеа да не правам, сѐ што мајка ми ми велеше да не правам. Одев по својот пат и тоа некако ми даде енергија. Бев многу тврдоглава, бев на Триглав кога не можев да одам“, вели Фајон, присетувајќи се на тој период.

Имено, во време кога земала исклучително силни лекови и кога поради неподносливи болки во зглобовите одењето веќе ѝ било голем напор, Фајон решава да си постави цел: да се искачи на Триглав. Со голем труд, успева во тоа.

Примерот со Триглав всушност кажува многу за карактерот на оваа политичарка, што доаѓа до израз кога се работи за теми важни за пошироката заедница.

View this post on Instagram

A post shared by Tanja Fajon (@tanja.fajon)

Болеста, како што вели, ја натерала да стане „адреналински човек“. „Пријателите не знаеја како да разговараат со мене. Затоа ја напуштив работата на една година“, вели Фајон. По паузата го менува работното место и од Радио Глас Љубљана, каде што ги прави првите новинарски чекори, заминува во РТВ Словенија. За кратко време добива две понуди: работа како дописник од Брисел и донатор. Дилемата е: Брисел или комплицирана трансплантација на коскена срцевина која можеби нема да успее? Фајон се решава за Брисел.

Токму во таа, 2001 година во САД беше одобрена употребата на нов лек против МХЛ, познат под комерцијалното име Гливек. Фајон решава да го чека новиот лек, кој и денес го зема, и да се посвети на работата што ја сака: новинарство. „Ја направив вистинската работа“, напиша таа неодамна.

По осум години на местото дописник од Брисел за РТВ Словенија, таа повторно се соочува со дилема: да се врати дома или да бара нова работа? Но потоа добива понуда за политички ангажман и ја прифаќа. Учествува на изборите за Европскиот парламент како пратеник на социјалдемократите и добива пратеничко место.

View this post on Instagram

A post shared by Tanja Fajon (@tanja.fajon)

Политичкиот ангажман, со оглед на фактот што како новинарка интензивно го следела процесот на проширување на ЕУ, ја водеи најпрво кон Западен Балкан, и станува известувач на Европскиот парламент за визна либерализација за земјите од Западен Балкан: „Многу ги сакам луѓето и младата генерација во регионот и прво почнав да работам на укинување на визите. Тоа и лично ми беше многу важно“, вели Фајон.

Укинувањето на визите започна во 2009 година, најпрво за Србија, Црна Гора и Македонија, а една година подоцна и за БиХ и Албанија. „Тоа беше многу емотивен момент“, се сеќава Фајон. За овој ангажман таа доби многу награди, особено од Албанија и Босна и Херцеговина и огромна благодарност од обичните граѓани. „Се сеќавам на моментот кога имаше фудбалски натпревар БиХ-Албанија, ми се јави еден министер кој беше на натпреварот и го сврте телефонот за да ги слушнам луѓето како викаат: „Тања, благодарам!“. Луѓето беа многу благодарни“, вели Фајон.

За политиката вели дека тоа сѐ уште е машка работа: „Сè уште чувствувам дека политиката е машки свет и во Словенија и дека мажите се оние што ги поставуваат правилата во политиката. Често се случува да се договорат за нешто на пиво и сѐ им е полесно. Ние жените сме некако индивидуалисти и нѐ нема доволно. Често сум во ситуација кога околу мене има само мажи и има повеќе шовинизам и сексизам (кон жените) на социјалните мрежи. Сите добиваме лоши коментари, но жените дополнително добиваат и сексизам“, вели Фајон, која и самата е изложена на сексизам на социјалните мрежи. Како се справува со тоа? „Веќе не ги читам коментарите затоа што ако ги читам, веројатно нема да ја излегувам од дома“, рече таа во интервју за Дојче веле.

Откажување, поради нападите, заканите, лагите и сексизмот на кои е изложена, не е опција за неа. „Нема да се откажам. Веќе имав неколку прилики во животот кога требаше да се борам и тие ме направија посилна. Затоа не се плашам“.

View this post on Instagram

A post shared by Tanja Fajon (@tanja.fajon)

Слични објави

На Цеца ѝ се слоши среде концерт: „Немав кислород“

еспресо

Ѕвездено време на хороскопските знаци: Ова се вашите судбоносни години од животот

еспресо

„Во еден момент темнината стана неподнослива“: Беjби Лазања се борел со депресија, еве како го нашол спасот

Еспресо

Сите сопруги на Јосип Броз Тито: Пред Јованка, се оженил за девојченце од Русија

еспресо

Интервју со протојереј – ставрофор Александар Димоски, парох Струшки: Спасе и Спаса Вишенски се впишаа во Диптихот на светиите

Јасмина Кантарџиева Димков

(Фото) Ричард Гир со сопругата Алехандра блеснаа на црвниот тепих во Кан: Годините се само бројка

еспресо
Се вчитува....