17:59 - 31 март, 2026

Џенифер Лоренс за почетокот на кариерата: „Премлада добив Оскар и изгубив контрола“

Познатата американска актерка Џенифер Лоренс, за која се вели дека е една од најубавите жени на светот, призна дека „го изгубила чувството за контрола“ на почетокот на кариерата поради нејзиниот метеорски успех.

-Во периодот помеѓу премиерата на филмот „Игри на глад“ и освојувањето на Оскар, се чувствував како да сум станала „парче стока“ и дека секој има право да одлучува во мое име, како да им припаѓам на сите нив, изјави 32-годишната актерка за време на емисијата „Screen Talk“ на Лондонскиот филмски фестивал.

На возраст од 22 години Лоренс глумеше во франшизата „Игри на глад“, која постигна рекордна гледаност во кината, а истата година, заедно со Бредли Купер, ја одигра улогата во филмот „Во добро и лошо“, за која доби Оскар во 2013 година.

-Сега кога размислувам, не можам да се сетам на тие години, постоеше само губење на контрола, откри Лоренс и објасни дека дури неодамна почнала да си го враќа чувството за идентитет.

Во личниот живот на актерката последниве години имаше неколку големи промени. По бурната врска со режисерот Дарен Аронофски, таа во 2019 година се омажи за сопсвеникот на галерија во Њујорк, Кук Марони и со него доби машко бебе во февруари оваа година.

-Во сите мои филмови имам прилично доследен тип на улоги уште откога имав 18 година, па се прашувам дали конечно ќе се ослободам од тоа сега кога сум постара и имам дете, изјави неодамна за Vogue.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....