06:39 - 12 март, 2026

Што сè направи музичарот Ар Кели кој доби пресуда денес за педофилија: „Затворската казна од 30 години ќе му биде малку“

Денес државната порота го осуди музичарот Ар Кели – поради повеќе тужби од жени – за детска порнографија и сексуално злоставување во неговиот роден град, Чикаго. 

Последната во низата која сведочеше против него е жена позната како Џејн, која денес има 37 години, и која тврдеше дека музичарот „најмалку сто пати имал сексуален однос со неа пред таа да наполни 18 години“.

Жената која беше клучна во судењето на Ар Кели (55), сведочеше пред судот во постапката против пејачот. Во 2008 година одбила да сведочи поради заканите што ги добивала. Во август годинава, таа се огласи и изјави дека пејачот имал секс со неа стотици пати пред да наполни 18 години. Првата врска ја започнале кога таа имала 15 години, но веќе кога се запознале, две години пред тоа, почувствувала чудна атмосфера меѓу нив, пишува Јутарњи. Џејн, псевдоним за сега 37-годишната жена, на судењето на Р. Кели за детска порнографија и попречување на правдата, кажала дека кон крајот на 1990-тите, кога имала 13 години, побарала од пејачот да ѝ биде кум бидејќи таа била инспирирана од неговата кариера. Неколку недели подоцна, Кели спомнал сексуални работи во разговорот. Според нејзиното сведочење, тој првпат почнал да ја допира кога имала околу 14 години во студио за снимање во Чикаго.

Шокантни обвинувања за пропаднатиот музичар Ар Кели: „Имаше секс со мене повеќе од 100 пати пред да наполнам 18 години“

Да потсетиме, во 2008 година, Кели беше обвинет пред федералниот суд во Чикаго за злоупотреба на малолетник за секс и производство на детска порнографија.

За разлика од судењето во 2008 година, Џејн овојпат беше клучен сведок.

Според Би-би-си, казната на музичарот – кој пред неколку месеци беше осуден на затвор од 30 години – поради денешната пресуда би можела да се заголеми и за уште 10 години затвор.

Која е Џојселин Севиџ, eдна од жртвите на Ар Кели која тврди дека е свршена со него: „Мојот однос со Кели е фантастичен, многу сме вљубени!“

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....