15.8 C
Скопје
11:54 - 26 април, 2024

Цигарите, нездравата исхрана, загадениот воздух – главна причина за болести и смртност кај Македонците

Кардиоваскуларните и цереброваскуларните заболувања и карциноми се водечки причини за смртност кај возрасните во Македонија. Во периодот од 2000 до 2017 година забележано е и зголемување на смртноста поради дијабетес, специфични видови на рак, особено на белите дробови, колоректален карцином, панкреас и рак на простатата како и Алцхајмерова болест. Овие поразителни состојби се забележани во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за Македонија.

Тутунот и нездравата исхрана се главни фактори на ризик за смртност. Нездравиот начин на живот е двигател на смртност, а високиот процент на пушачи, лица со висок шеќер во крвта и зголемената потрошувачка на шеќер, сол и масти се проценува дека сочинуваат речиси три четвртини од смртните случаи до 2019 година.

Нè убива и загадениот воздух

Загадениот воздух е главен фактор на ризик за респираторни заболувања кај децата, велат од СЗО. Земјата има едно од највисоките нивоа на загаденост на воздухот во Европа, особено во главниот град Скопје. Согласно податоците од извештајот, во 2019 година, се проценува дека еден од седум смртни случаи (13,7 проценти) во државата се должи на лошиот квалитет на воздухот.

Овој извештај е еден од 14-те национални извештаи за земјите членки во Европскиот регион на СЗО што не се членки на Европската Унија.

Во делот „Подобрување на здравјето на населението“ се посочува дека очекуваниот животен век во Северна Македонија се зголемува, но останува под просекот од европскиот регион на СЗО.

– Најновите податоци за смртност пријавени од Северна Македонија до СЗО се однесуваат на 2013. Според овие податоци, просечниот животен век изнесувал 75,5 години. Иако ова беше под просеците за Југоисточна Европа и за Европскиот регион на СЗО, беше повисок од повеќе ажурирани бројки за очекуваниот животен век за некои членки на ЕУ – се наведува во извештајот.

Лидери по бројот на пушачи 

Во извештајот се наведува дека државата е рангирана меѓу земјите со највисока преваленција на пушење тутун во светот и највисок просечен број испушени цигари кај возрасните и младите луѓе. Но, се забележува и намалување на стапката на пушење цигари. Причината за тоа, велат дека е Законот за забрана на пушење цигари на јавни места воведен во 2010 година.

Преваленција на респираторни состојби, не вклучувајќи зарази или пневмонија е особено висока кај децата на возраст од 0 до 14 години. Во 2019 година, 39,8 отсто од морбидитетот кај децата е поврзан со болести на респираторниот систем. Од СЗО велат дека децата од предучилишна возраст во урбаните средини имаат двојно поголеми шанси да развијат болести на респираторниот систем од оние во руралните средини.

Потрошувачката на алкохол кај возрасни по глава на жител (3,8 литри) е под просекот на европскиот регион на СЗО.

Забележано е зголемување на стапката на прекумерна тежина и дебелина меѓу возрасните. Речиси две третини или 64,9 проценти од мажите и повеќе од половина жени, односно 51,2 отсто биле со прекумерна тежина во 2016 година. Загрижува и фактот што половина од возрасната популација не е физички активна и само 8,3 проценти од возрасните практикуваат околу 150 минути умерена физичка активност неделно, што е под просекот на Европската Унија.

Прекумерната тежина се забележува и меѓу седумгодишните деца, што во периодот од 2010 и 2019 година е зголемена особено кај девојчињата, од 30,9 проценти на 30,8 отсто.

Четиринаесетте нови извештаи беа претставени на 72-та седница на Регионалниот комитет на СЗО за Европа во Тел Авив, Израел, на 12 септември годинава.

 

Слични објави

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо
Се вчитува....