11:20 - 29 ноември, 2026

Шпанска пејачка го обвини Пласидо Доминго за сексуално вознемирување – сакал да ја допира по телото

Шпанска пејачка во ТВ-програма што се емитуваше во неделата вечерта го обвини оперскиот пејач Пласидо Доминго за сексуално вознемирување , и тоа три години откога таквите тврдења ја попречија неговата кариера.

Во истрагата од 2020 година, повеќе од триесетина пејачки, танчарки, музичарки, професори по пеење и персонал зад сцената рекоа дека биле сведоци или доживеале несоодветно однесување на Доминго (83) во текот на три децении. Доминго не призна никаква вина.

Најновото обвинување дојде од неидентификувана пејачка на шпанскиот телевизиски канал „Ла Секста“. Појавувајќи се како темна фигура, таа рече дека пред 20-ина години Доминго сакал да ја допира во театар во Шпанија. Во друга пригода се обидел да ја бакне.

„Една од првите работи што ти ја кажуваат е да не се качуваш во лифт сама со Пласидо Доминго“, изјави жената за ТВ-каналот „Ла Секста“.

Таа раскажа како Доминго наводно побарал да ја допира по проба во театарот.

Претставниците на Доминго не одговорија на барањето за коментар.

Истрагата од 2020 година на Американското здружение на музичките уметници (AGMA) заклучи дека Доминго се однесувал непримерно.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....