11.8 C
Скопје
15:53 - 21 април, 2026

Шакира во врска со 15 години помлад актер, пријателите загрижени: Ја користи за популарност

Пријателите на Шакира се загрижени за неа среде новата романса со ѕвездата од серијата „Емили во Париз“, актерот Лусиен Лависконт: според извори на Дејли меил, тие веруваат дека актерот се забавува со пејачката само заради популарност. Новиот партнер е 15 години помлад од 47-годишната пејачка.

Гласините за нивната романса се појавија откако актерот глумеше во едно од нејзините нови видеа, а подоцна беа забележани на заедничка вечера.

инстаграм

Упатените ги потврдија гласините дека Шакира навистина излегува со актерот, но истакнаа дека засега пејачката не е „толку загреана“ за актерот. Но покрај ова, најблиските на пејачката се плашат дека тој ќе ѝ го скрши срцето. „Шакира очајно сака да се заљуби, но нејзините пријатели се загрижени дека Лусиен сака да стане популарен користејќи ги и излегувајќи со жени кои биле попознати од него“.

Блиските на Шакира забележуваат и дека таа сè уште не го заборавила својот поранешен партнер Жерар Пике, со кој раскина со скандал откако тој беше уловен со помлада љубовница. По раскинувањето, Шакира често зборуваше јавно за нејзината врска со Пике и истакна дека сака семејство доживотно и дека е многу разочарана од неверството на нејзиниот партнер. Шакира дури планираше да објави документарен филм за животот „по Жерар Пике“. Во исто време, обожавателите на пејачката веруваат дека таа е премногу фиксирана на Пике и дека е време да го остави во минатото.

Претходно, пејачката честопати беше поврзувана со различни познати мажи, но овие гласини не беа потврдени.

Слични објави

„Децата знаеја пред мене“: Харис Џиновиќ си ја отвори душата за разводот од Мелина

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо
Се вчитува....