05:31 - 8 ноември, 2026

Семејството на Метју Пери ја исполни неговата неостварена желба: Сакал да биде запаметен по ова

Актерот Метју Пери почина на 28 октомври на 55-годишна возраст.

Неговото семејство се огласи дури сега, еден месец по неговата смрт, и откри дека планираат да му ја исполнат најголемата желба, која не успеал самиот да ја исполни во текот на животот.

Имено, познато е дека Метју долго се борел со алкохолизмот и зависноста од дрога, а за својата борба зборуваше отворено, особено во своите мемоари „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“.

Неговата силна желба била да основа фондација и да им помогне на сите кои се соочуваат со исти или слични проблеми, а семејството на актерот на 3 ноември ја лансираше Фондацијата Метју Пери.

„Нам како семејство ни е важно да го почитуваме наследството на Метју. Потенцијалот што Фондацијата Метју Пери го има да им помогне на оние кои страдаат од вакви болести е нешто што сме горди да го донесеме на светот“, изјави семејството на Пери за „Пипл“.

На социјалната мрежа „Х“ се огласи и очувот на Метју, Кит Морисон кој ги повика сите кои можат и сакаат да донираат пари за оваа фондација.

„Ова не е нешто што обично го правам, но оваа година е поинаку. Направете што можете, тој би ви бил благодарен“, напиша Кит.

Потсетуваме, Метју Пери се прослави со улогата на Чендлер Бинг во хит серијата „Пријатели“, а често нагласуваше дека не сака оваа улога да биде единственото нешто по што ќе остане запаметен. Затоа, на почетната страница на веб-страницата на фондацијата што го носи неговото име, има и негов цитат.

„Кога ќе умрам, не сакам Пријатели да бидат првото нешто што се споменува. Сакам помагањето на другите да биде првото нешто што се споменува. И ќе го живеам остатокот од мојот живот докажувајќи го тоа. Зависноста е премногу моќна за некој сам да ја надмине. Но, заедно, ден по ден, можеме да ја победиме“, пишува на страницата.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....