17.8 C
Скопје
16:45 - 18 октомври, 2026

Селена Гомез со полна пареа ја развива врската со Бени Бланко: Веќе размислува за деца и брак

Селена Гомез и продуцентот Бени Бланко официјално ја објавија својата врска преку Инстаграм во декември 2023 година, но сега веќе се сигурни дека врската им е многу стабилна.

Двојката веќе станува многу сериозна и брзо се развуваат нештата – веќе не се одвојуваат еден од друг.

„Тој е апсолутно сè за моето срце“, напиша пејачката во коментар на Инстаграм. „Тој е најдоброто нешто што ми се случило“.

Според новите информации за кои пишуваат американските таблоиди, Селена Гомез (31) е „до уши“ вљубена во Бени Бланко (35), а упатените тврдат дека таа е подготвена да го започне следното поглавје од нивната врска.

Најдобрата пријателка и колешка на Гомез, Ракел Стивенс, изјави дека „Гомез ќе има нов сопруг во 2024 година“, на што Гомез одговори: „Да се надеваме дека ќе биде така!“

„Селена одамна не се чувствувала толку среќна со никого со кој излегувала“, изјави извор ексклузивно за Us Weekly.

„Селена и Бени се навистина заљубени и додека таа ги чуваше во тајност повеќето момчиња со кои излегуваше, со Бени едвај чекаше да открие дека се заедно“, додава пријателката на пејачката.

Изворите известуваат дека пејачката во моментов има силен инстинкт за градење семејство и не мисли дека тоа е предвремен план, иако таа и Бени се во врска само шест месеци.

„Селена е убедена дека ја пронашла својата сродна душа и не гледа причина да чека да го потпише брачниот договор и да има деца со саканиот маж“, изјави извор за National Enquirer.

 

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....