16:22 - 7 ноември, 2026

Селена Гомез е уморна од онлајн драмата: Сака да се одмори од сè, ги напушта социјалните мрежи

Селена Гомез паузира од социјалните мрежи само еден ден откако ја врати титулата најследена жена на „Инстаграм“.

30-годишната пејачка и актерка, која со 382 милиона следачи го собори рекордот поставен од Кајли Џенер во јануари 2022 година, реши да се повлече навестувајќи дека е уморна од онлајн-драмата откога фановите се обидоа да поттикнат кавга меѓу неа и Кардашјан.

Во видеото што го сподели на „Тик-ток“ таа вели:

„Ќе земам секунда од социјалните мрежи бидејќи ова е малку глупо. Имам 30 години и сум премногу стара за ова. Но, ве сакам многу и веројатно ќе се гледаме подоцна. Само сакам да се одморам од сè.“

Одлуката на ѕвездата на The Only Murders in the Building доаѓа откако корисник на „Тик-ток“ објави видео претходно оваа недела, во кое ја обвини Кајли дека ѝ ги исмева веѓите на Селена, што и двете ѕвезди бргу го отфрлија.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....