01:46 - 8 ноември, 2026

Сега е официјално: Ана Ивановиќ поднесе барање за развод, барајќи и старателство над децата

Според пишувањата на германскиот „Билд“, српската тенисерка Ана Ивановиќ минатиот месец поднесла барање за развод од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер. По девет години брак и три сина, нивната спортска љубовна приказна добива несреќен крај, а како можен причинител се споменува наводна афера на фудбалерот.

Како што пренесуваат медиумите, Ивановиќ во ноември доставила документи за развод до Одделот за семејни спорови на Општинскиот суд во Минхен, заедно со барање за издршка на децата. По разделбата, Ана се вратила во родниот Белград, каде што моментално живее со своите синови и гради нов, стабилен живот.

Бастијан во минатото често зборувал со нежност за нивниот прв состанок: „Првпат ја запознав Ана во Њујорк, преку заеднички пријател, кошаркарот Стефан Хаман. Тогаш не зборував добро англиски, повеќе слушав отколку што зборував. Бев внимателен, набљудував. Многу брзо сфатив дека е жената на мојот живот. Кога ќе почувствувате нешто посебно и ќе погледнете некого длабоко во очи – знаете дека е тоа љубов. Со Ана токму тоа ми се случи. Ја освоив и нејзината фамилија кога отпатував во Белград и на српски јазик го побарав нејзиниот татко за нејзината рака,“ изјави тој во едно интервју.

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер беа еден од најпрепознатливите спортски парови во светот – не само поради нивните успеси, туку и поради нивната харизматична љубовна приказна. Се запознаа во 2014 година, а венчавката ја направија во Венеција во 2016 година, истата година кога Ивановиќ се повлече од професионалниот тенис.

Двојката последен пат заедно се појави во јавност на „Лејвер куп“ во Берлин минатиот септември. Подоцна објавија и фотографии од посета на божиќен базар, но по тоа следуваше долга тишина за нивниот приватен живот.

Во јуни годинава во Германија се појавија извештаи дека Швајнштајгер бил виден како ја бакнува својата наводна нова девојка – Бугарката Силвија Капетанов, со која, наводно, се запознал преку нивните деца што посетуваат иста школа. „Билд“ тврдеше дека аферата трае уште од летото 2024 година, а парот бил забележан на заеднички одмори во Мароко и Грција.

Германскиот магазин „Бунте“ претходно објави дека Ивановиќ првично била подготвена да му прости на Швајнштајгер поради семејството, но нивните односи очигледно не успеале да се поправат. Наводите не ги коментираа ниту Ана ниту Бастијан.

Во јули, претставник на Ивановиќ потврди дека парот се разделува поради „непомирливи разлики“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....