18:18 - 6 ноември, 2026

Се породи новинарката Александра Јовановска од МТВ, ова е нејзината љубовна приказна

Денеска се породи новинарката Александра Јовановска, водителката на емисиите „Наш подиум“ и „Стисни плеј“ на МТВ.

Александра и нејзиниот партнер Ангел го добија синот Лука, а новинарката ова го објави на својот инстаграм-профил, а претходно, шармантната новинарка не објави јавно за својата бременост.

Убавата вест, прва ја сподели нејзината колешка, пејачката и водителка Јана Бурческа.

Нејзиниот партнер Ангел Здравковски е музички продуцент и ди-џеј на псај-транс музика со интернационална кариера.

„Во изминатите години неколкупати го прелета светот од Австралија до Бразил. Од него учам многу за музичката продукција. Ја анализираме домашната музичка сцена и секогаш барам мислење за новите македонски песни кои ги преслушуваме.

Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. 22 години се навистина значајна бројка, но ни тој, ниту јас сме оптоварени со времето. Не го сметаме за товар, ни за голем успех. Живееме заедно,. Секоја љубов е приказна за себе.

За нашата можам да кажам дека е совршено надополнување, во кое секој има доволно слобода да биде свој и да не се претопи во другиот “, објави Женски магазин во една прилика за нивната љубов.

Фото / Инстаграм

 

 

 

 

Слични објави

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.
Се вчитува....