03:41 - 10 ноември, 2026

Се бори и кога животот е тежок: Еве каква приказна за Ели Танасковска откри нејзината ќерка

Ели Танасковска, напшата позната ТВ нводителка, со долгогодишно искуство пред камерите на Македонската радио телевизија е семејна жена и баба на две внуки од нејзината ќерка Симона која живее во Канада.
Во 2023 година, се омажи нејзината ќерка Леона, за чија свадба Ели рече дека била како бајка. „Свадбата на Леона и Стефан многумина ја споредија со бајка. Тоа навистина се случи! Тие двајцата сѐ сами организираа“, рече Ели тогаш за „Слободен печат“.
Леона и Стефан на нивната свадба во 2023 година Фото/ приватна архива
Леона е инаку дизајнер во своја печатница и кореограф, и е доста креативна личност. Досега дизајнирала сликовници, радосници, календари, тефтери, персонални сликовници. Токму Леона, ѝ го честиташе роденденот на својата мајка со овие емотивни зборови:
„Колку е важно да си МАЈКА! А колку ми е важно што си моја мајка. Фала ти Господе до небо!!!
Ти си моето најсигурно засолниште, мојот мир кога животот ми приредува “хаос”, мојата топлина. Ти си пример за љубов и сила.
Мојот пример, како се сака безусловно, како се бори достоинствено и како се стои исправен дури и кога животот знае да биде тежок. Пример за МАЈКА, сопруга, сестра и ќерка. Мојата потпора, мојот дом, мојата прва мисла кога ми е тешко и мојата најголема радост кога сум среќна.
Мамо, ти благодарам што постоиш! Ти благодарам за се и ти благодарам што си НАЈПРЕКРАСНАТА МАЈКА во светот! Среќен роденден, те сакам“, напиша Леона за мајка си.
Фото/ Фејсбук

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....