16:50 - 3 април, 2026

Сандански тагува по Ивон (3) и Васил (5) кои беа убиени од својата мајка: „Сакаа да ми ги земат, е нека ми ги земат сега!“

Денешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Сандански откако вчеравечер беа убиени две деца на возраст од 3 и 5 години од страна на нивната мајка, соопштија од општината.

По наредба на градоначалникот Атанас Стојанов, денешниот ден -20 ноември е прогласен за Ден на жалост во знак на сеќавање на трагична смрт на тригодишната Ивон и петгодишниот Васил. Знамињата во градот ќе бидат на половина копје, сите јавни прослави се забранети. Почивајте во мир, ангелчиња!, напиша градоначалникот на својот Фејсбук профил.

Децата се убиени вчера попладне од страна на нивната мајка во нивниот дом во центарот на Сандански. По убиството и мајката и таткото на децата се приведени.

Мајката во полицијата изјавила дека била во бракоразводна постапка: „Сакаа да ми ги земат децата!? Е нека ми ги земат сега“, изјавила таа пред истражителите, пренесува порталот Струма.ком.

Случајот потсетува на големата трагедија која во февруари 2009 година се случи  во селото Осиково, каде Манчо Панјуков ги закла двете деца, по што ја запалил куќата во која имало и други роднини. Се обидел притоа да ја убие и сопругата, но таа едвај се спасила од пожарот, но починала два месеци подоцна.

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....