17:51 - 7 ноември, 2026

Русија со музичари ќе ги бодри своите војници на боиште – „креативна бригада“ тргнува на фронтот

Русија ќе распореди музичари на фронтот во Украина со цел да го крене моралот на своите трупи. Министерството за одбрана го објави формирањето на „креативна бригада“ која ќе вклучува пејачи и свирачи.

„Нејзината задача ќе биде да ги одржува високиот морал и политичката и психолошка состојба на учесниците во специјалната воена операција“, соопшти министерството за одбрана.

Според рускиот огранок на Би-Би-Си, бригадата ќе се состои од војници кои биле регрутирани во мобилизацијата наредена од Владимир Путин, како и од професионални уметници кои доброволно влегле во воената служба.

Руската војска нема победа во Украина уште од летоска, кога ги освои Северодоњецк и Лисичанск во регионот Луганск и според британското министерство за одбрана, се соочува со „висока стапка на загуби, слабо водство, проблеми со плаќањето и со недостиг на муниција, опрема и јасни цели на војувањето“.

Со цел да се крене моралот, и министерот за одбрана Сергеј Шојгу ги посетил руските војници во Украина.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....