17.8 C
Скопје
14:56 - 18 октомври, 2026

(Фото) Преубавата девојка на Мбапе е бремена: Додека тој „растура“ со голови, таа го покажа стомакот

Алисиа Ејлис, француска манекенка и пејачка, со потекло од Гвајана е (неофицијална, поточно се уште не претставена на јавноста) девојка на францускиот фудбалски ас Килијан Мбапе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaaylies)

Која е Алсиа? 

Девојката на француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе, Алисиа Ејлис ја освои титулата најубава девојка на Франција во 2017 година. Една година подоцна беше забележана како навива за него од трибините. Се зборува дека се заедно од мај, 2018.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaaylies)

Алисиа е родена во 1998 година на Карибите, но по разводот на родителите, од двегодишна возраст со мајка си живее во Француска Гвајана. Студирала право, во 2016 била прогласена за Мис Гвајана, а една година подоцна се приклучи на францускиот натпревар за убавина во Монпеје кадешто ја освои титулата и се прослави како прва дама што беше Мис на Франција а која доаѓа од Француска Гвајана.

Денес таа е реализирана манекенка – висока 1,77 см и препознатлива по впечатливата коса и длабоко зелените очи. Се проценува дека „тежи“ околу 33 милиони долари, заработувачка која ја стекнала во кариерата на модел.

Алисиа веќе неколку години се занимава и со музика, па на француската јавност е позната и како пејачка со изграден стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaaylies)

Бременост

На изненадување на многумина, Алисиа пред три дена објави фотографија на својот Инстаграм профил на која го покажува стомакот. Фотографијата е направена на париската премиера на филмот Аватар.

И додека честитки на убавицата ѝ пристигнуваат од секаде низ светот, таа упорно не открива кој е таткото на нејзиното дете.

Француските медиуми веќе (о)зборуваат дека со оглед на тоа што се знае дека Алисиа се уште е во тајна врска со Мпабе, дека најверојатно (и логично е) токму француската фудбалска ѕвезда да е среќниот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaaylies)

Инаку, Алисиа не ја видовме на трибините на Светското првенство во Катар, а причината би можела да биде токму бременоста.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....