-1.2 C
Скопје
08:20 - 19 февруари, 2026

(РЕЦЕПТИ) ШЕФ БОБАН БИЛБИЛОВСКИ ЗА ВАС: Подгответе мафини и крем супа од кралицата на есента- тиквата!

Најпопуларна периодов се чини е вкусната тиква со која се прават најубавите пити на светот, но таа може да се искористи и за многу други вкусни јадења.

Подготовката на крем супа од тиква е многу едноставна и лесна, се прави за кратко време, а во неа ќе ужива целото семејство.

Со шеф Бобан Билбиловски подготвуваме мафини и крем супа од тиква.

приватна архива

Потребни состојки за мафините:

-150 грама брашно,

– еден прашок за пециво,

– 150 грама шеќер

– ванилин шеќер

– 2 јајца

– една лажица кисела павлака

– 500 грама тиква

фото приватна архива

Начин на подготовка: 

Тиквата се ренда на ситната страна на рендето. Во длабок сад, со миксер, се матат јајцата со шеќер и ванилин шеќер. Пецивото се додава во брашното, па се истура во садот со матените јајца и шеќер, се меша со лажица. Се додава павлаката и тиквата. По потреба се додава и малку масло за готвење. Целата смеса се меша убаво со лажица и се полнат модлите за мафини, претходно намачкани со путер. Се пече на 160 степени 20 до 25 минути. Истата смеса можете да ја ипечете во правоаголен сад за печење и да биде во форма на колач. Одозгора можете да декорирате со шеќер во прав или слатко од овошје.

Потребни состојки за крем супа од тиква:

– 250 грама тиква

– една главица кромид

– 2 моркови

– сол и зачин

– еден литар вода

Начин на подготовка: Во длабок сад ставете масло да се загрева. Кромидот и морковот исецкајте го на крупни парчиња и ставете ги во садот да се запржат. Потоа додадете ја сецканата тиква. Оставете да да омекнат кромидот и морковот, па додадете ја водата, сол и вегета. Оставете да се свари тиквата убаво. Пред да ја блендирате сместа извадете една чаша вода. Изблендирајте ја смесата и видете ја густината, ако е многу густа додадете од извадената вода.

фото приватна архива

Добар апетит!

 

Слични објави

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо
Се вчитува....