10.8 C
Скопје
23:41 - 3 април, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ МИНИ ПИЦА РОЛНИЧКИ: Супер идеја за да направите нешто брзо и лесно викендов

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Фото: Приватна архива

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи превкусни пица ролнички. Мини пици со чајна, кашкавал и кечап. Брзи, лесни и едноставни за подготовка, а одлични за ужинка или појадок, посебно омилени на малите дечиња.

Тестото е ептен меко и пуфкасто затоа што е со јогурт, а Мартина вели дека некогаш додава и газирана вода (пола јогурт, пола газирана вода).

Фото: Instagram

Потребни состојки:

  • 400 мл јогурт
  • околу 1 кг брашно
  • 1/2 квасец
  • 1 пециво
  • 50 мл масло

Фил:

  • чајна, кулен (сувомеснато по избор)
  • кашкавал
  • кечап

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Измешајте го јогуртот со маслото, додадете го квасецот и пецивото( а може и само со квасец или само со пециво). Додавајте брашно и мешајте со лажица, па префрлете го тестото на набрашнета површина и измесете го убаво. Тестото може да ви се лепи, измиете си ги рацете и измесете го уште малку. Оставете го тестото да постои дури го спремате филот.

Изрендајте кашкавал, насечете ја чајната на мали парчиња, додадете кечап и измешајте. Тестото поделете го на 2 дела. Од секој дел исукајте кора и ставете фил врз неа. Исечете ја на ленти( најлесно со нож за пица). Секоја лентичка завиткајте ја како полжав и редете на плех со хартија за печење. Премачкајте со јајце и печете во загреана рерна на 180/200 С околу 15тина минути.

Послужете и уживајте. Супер идеја за да направите нешто брзо и лесно викендов!

На здравје!

Слични објави

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо
Се вчитува....