13:55 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Времето викендов ќе биде како какао

Нашиот драг соработник, метео прогнозерот Славчо Попоски, ни носи „тазе“ вести за денешната временска ситуација. 

– Овој викенд нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град, објаснува Славчо.

Според Попоски, до понеделник ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека од вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен, а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пад, и тоа поради спуштање на посвежа воздушна маса од север.

Услови за локален краткотраен дожд ќе има и во почетокот од следната недела. Температурите овој викенд ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, што значи дека и покрај нестабилното време, истите сеуште ќе бидат натпросечни.

– Во скопскиот регион за време на викендов, исто така, се очекува нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 29 степени, заклучува Попоски.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....